Search
  • Никола Тодороски

Тивки војни за доминација

Колку луѓе толку варијанти на луѓе на светов рекол стариот мудрец кој иако бил екстремно паметен никој не му го запишал името од шо бил превозбуден кога ќе слушнел ваква една мудрост. Ако сакате мудрецов можит да го викаме Јоне за на сите да ни е полесно и да продолжиме понатаму. Имат луѓе агресивни имат луѓе мирољубиви и имат луѓе шо се пасив-агресив, таканаречени ко неопределени.

Она шо е сигурно е дека во секое, буквално во секое семејство без исклучок сега и секогаш и во вечни векови, имало и ќе има тивки војни за доминација. Дали помеѓу братче или сестриче, дали помеѓу сопруг или сопруга, посебно помеѓу снаа и свекрва ако некој од различни околности живеат заедно. И најмирољубивото семејство да го земиме како пример пак и во него има вакви тивки војни за доминација.



Буда на пример зато немал семејство и скоро секој шо сакал да е на ниво на божество зато не се занимавал со предбрачни, а особено не со вонбрачни договори. Токму заради овие тивки војни за доминација од кои никој не е имун.

Тивки подмукли молби намери од типот сонце ај ТИ напрај доручек јас нешто важно треба да проверам на фејсбук. Или ај ак сакаш види колку е сатот..


Следново видео е за една од најслатките форми на тивко војување каде мајките се жртви на тешка манипулација на пактот за стабилност склучен помеѓу таткото и децата.

уживајте!

#moresmiles

70 views

Recent Posts

See All

© 2020 НИКОЛА ТОДОРОСКИ