Search
  • Никола Тодороски

Татковски совет

Јеепаа драга бандо како сте? Жалам шо почвам со вакво прашање. Мислам дека ова е едно од најглупите прашања во моментов шо некој можит да те прешат. Како си? Во момент на изолација, во ова корона време ... Мене некој ко ќе ме прашат имам поделени чувства. Од една страна си викам: “Ме прашвит како сум? Како да сум Се чувствувам ограничен ко просечна интелигенција на симпозиум за квантна физика. Е до толку ограничен. Домашни обврски милион. Правосмукалкава почнав да ја тртирам ко Оптимус прајм за да ми е поинтересно. Од друга страна пак убо ти е некој ко ќе те прашат како си. Никаквата е. Зато најубо сами определете како се осеќате.


Во овие мигови на осаменост и ограниченост решив да постирам видеа со стендап комедија секој ден. Целата архива која е на хард драјв ќе ја ставам онлајн безплатно. Го поставив и моето последно стендап шоу ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ на сајтов и е достапно за смешна цена од само 5$. На тој начин може кој сака да ја даде својата поддршка. Сакам малку од млаку да придонесам за олеснување на оваа ситуација во која се наоѓаме. Не паметам период олку долго да сум немал претстава, Импровокација или стендап...

Како и да е треба да се чуваме. Мислам дека овие мигови се најпогодни за топол совет. Затоа еве едно видео во кое се шегувам со Татковски совет. Тие шо се постари од би рекол '94 точно знаат шо значи да ти го дајт татко ти пониот да го повозиш.

Се надевам дека ќе уживате.

#moresmiles




75 views

Recent Posts

See All

© 2020 НИКОЛА ТОДОРОСКИ