Рециклирани Конфети - онлајн стендап шоу на Никола Тодороски

Здраво драга бандо овде е Коле,

Во овие хаотични услови и неможност да организираме стендап настани во живо ве поканувам да го погледнете моето најново стендап шоу Рециклирани Конфети - онлајн.




Видео стриминг на шоу кое е снимено во живо со публика. Уживајте во 1ч.20 мин. стендап комедија од удобноста на вашиот дом.

Билетите функционираат на принцип плати колку што мислиш дека шоуто вреди. Минимумот за секој билет е 1$, а максимумумот зависи од вас. Препорачлива цена е 30 мил. $ кои секако не сте обврзани да ги платите, но ако некој сака ви гарантирам дека никој нема да ве спречи.

Откако ќе го купите билетот ќе добиете линк на кој ќе се прикажува шоуто.

Шоуто ќе биде прикажано по пат на youtube стриминг и ќе биде достапно уште 24 часа по завршување на настанот.

Се надевам дека ќе уживате

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ

Најновото стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.

Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.


14 views0 comments

Recent Posts

See All

“Дури ја чекам“ Нов подкаст на Никола Тодороски

Јеепаа драга бандо, посебно вие о напатени души-чекачи. Од овој момент па натаму ќе имате можност да уживате во мојот нов подкаст кој го правам “Дури ја чекам“. Кој чекал знае! Уживајте #namiti #stand