Search
  • Никола Тодороски

Последното стендап шоу на Никола онлајн!

Јеепаа! Драга бандо со гордост, задоволство и доза на внатрешен немир-возбуда, свечено изјавувам дека сега имате можност да го гледате во целосно HD издание моето последно стендап шоу: Вештачка Интелигенција Природна Глупост.





Мислам ова “последно шоу“ звучит како дека готово се разочарав в крај и ми дојде преку глава од се и се откажвам, се одјавувам и тн. Нема врска велам последно дека сега пред некој ден го поставив онлајн на мојава веб страна, а онлајн има и други шоуа поставени претходно.

Многу е чудно кога треба да си формулираш информации за себе и да глумиш дека не си присутен во моментот и други те скапват од фалење. Мислам не би било искрено ако речам дека ми е неубо на душичево ко ќе пишам: Со ова шоу во изминатите две години македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски настапуваше во стендап клубови во Охрид, Скопје, Софија, Загреб, Белгад, Љубљана. Покрај клубските настапи публиката имаше прилика да го гледа и на сцената на Народен Театар Охрид, Македонски Народен Театар, Народен Театар Битола. Еден човек со микрофон во рака и 80минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост! Зошто и се случува ова што и се случува на Македонија, дали љубовта е совршена и како ни влијае утринската програма на ТВ се само дел од темите во ова пеколно комично стендап шоу. Кој го гледал знае, кој не, пропуштил.


Во секој случај малце ми е чудно за себе вака.. Она што искрено сакам да го споделам со вас е дека јас уживав во создавањето на ова шоу во кое две години заедно со публиката се шегуваме и се смееме на се што во тој период ни било најгорко. Сега сакам шоуто да остане онлајн и публиката која немала можност да го види да го гледа кога ќе посака. Она што најмногу ми прави кеиф е дека сето ова е креирано од нула и е тотално независен проект. Единствени кои инвестирале во ова парче уметност сме јас и публиката, за што сум бескрајно благодарен. #moresmiles




Се надевам дека ќе си приуштите 80 мин. интензивна стендап комедија (на македонски јазик) за скромни 5$.

Шоуто е снимено во култниот и наш сакан, најдобар клуб за стендап во државава JAZZ INN кој оваа година слави 30 годишен јубилеј и сите ние сме дел од оваа прекрасна историја.


Уживајте и чувајте се. Остани дома и гледај онлајн до подобри времиња каде ќе се гледаме во живо.


#namiti



230 views

© 2020 НИКОЛА ТОДОРОСКИ